Детска градинка
Една од клучните насоки на социјалната политика во Македонија е заштитата на децата. Заштитата на децата ги познава следниве облици на заштита:
1.згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст
Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој како дејност се организира и обезбедува во јавни и приватни установи за деца.
Установите за згрижување и воспитание на децата се: јавна (општинска детска градинка и детска градинка на општината во Градот Скопје) и приватна детска градинка. Детските градинки организираат згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание, образование, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, односно до вклучување во основното образование.
2.одмор и рекреација на деца
Одморот и рекреацијата на децата е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за престој, активен одмор, социјализација на децата, воспитни, образовни, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности со децата за развивање на психомоторниот развој на децата и способност за договарање, почитување на разликите и соработка во групи, способност за прифаќање на себеси и другите и ориентација во просторот.
3.други облици на заштита
За развој на личноста на детето, талентот, менталните, физичките, креативните и другите способности, подготвување за самостоен и одговорен живот се обезбедуваат и други облици на заштита на децата како програмски активности од областа на културата, издавачката, згрижувачката и воспитната дејност, екологијата, уметноста и спортот.
Sunday, November 15, 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment